top of page

Време е за промена !

Инвестирај во соларни панели со кои ќе произведуваш  сопствена електрична енергија. Започнете да штедите денес користејќи чиста, еколошка енергија од сонцето.

Побарај необврзувачка понуда

Ви благодариме, ќе Ве контактираме најбрзо што можеме.

Зошто ФОТОВОЛТАИЦИ?

Одржлива и обновлива енергија

Соларната енергија може да се користи со технологијата на обновливи извори на енергија, за да ги замени конвенционалните енергетски системи кои консумираат фосилни горива или други извори. Сето тоа помага во намалување на штетните гасови во атмосферата, како и намалување на ефектот на стаклена градина и глобално затоплување.

Безбедно, едноставно и долгорочно!

Нашите технолошки напредни решенија обезбедуваат стабилност и заштита на секој аспект на фотоволтаичните инсталации. Со едноставниот дизајн и упатства управувањето со фотоволтаичната централа е олесната целата постапка, осигурувајќи дека клиентите го доживуваат процесот како нешто интуитивно и лесно. И не најмалку, нашите фотоволтаични решенија гарантираат долгорочна енергетска ефикасност, обезбедувајќи трајна инвестиција во зелена енергија.

Голема заштеда и поврат на инвестицијата

Ви гарантираме голема заштеда преку нашите иновативни и енергетски ефикасни решенија. Секој инсталиран фотоволтаичен систем е директен пат кон поврат на инвестицијата, осигурувајќи постојан извор на електрична енергија и значајно намалување на месечните трошоци за електроенергија. Нашата ангажираност кон одржливост гарантира дека Вашата инвестиција не само што ќе го заштеди Вашиот буџет, туку и ќе продолжи да ви донесува приходи во долгорочен период.

Како функционира системот?

30 годишно искуство

во сферата на електричната енергија

6 годишно искуство

во сферата на фотонапонски централи

стотици

задоволни клиенти

1686295105864 - Copy.png

УСЛОВИ ПОД КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПОСТАВИ ФОТОВОЛТАИЧЕН СИСТЕМ ВО ВАШИОТ ДОМ ?

Согласно новиот Закон за енергетика домакинствата имаат право да постават фотоволтаичен систем за сопствена потрошувачка. Условите за поставување на ваков систем се дефинирани со повеќе закони и подзаконски акти, но првенствено потребно е да поседувате локација/објект за која поседувате соодветна документација (имотен лист, други документи за сопственост, документ за долготрајно право на користење, закуп и сл.).

Сите останати документи, како основен и изведбен проект, дозволи за градба и сл. се составен дел на овие услови.

Воедно е неопходно броилото на корисникот на фотоволтаичниот систем да се промени од еднонасочно во двонасочно кое ќе го мери текот на енергијата кон и од дистибутивната мрежа.

Промената на броилото се состои во поднесување на барање за промена на приклучок кој се поднесува до операторот на дистрибутивниот систем.

Services

Наши услуги

Ние го олеснуваме вашиот пат за искористување на соларната енергија, така што ќе добиете подобра енергетска услуга по одлична цена.

Проектирање и изведба

Проектирање на фотоволтаичниот систем и планирање на изведба за бизниси.

Набавка

Набавка на опрема и материјали, инсталација, каблирање, ФН панели, инвертери, монтажа.

Мерења и тестирања

Мерење, тестирање и пуштање во работа на фотоволтаичниот систем.

Одржување и сервис

Можност за редовно одржување и сервисирање на фотоволаичниот систем.

Нашето портфолио со клиенти

Клиентите за нас ...

Одлична инвестиција која и помогна на мојата компанија да заштеди дури 60% за електрична енергија.

Мирко Андонов,  ДООЕЛ

Со имплементиратњето на фотонапонската централа штедиме 30% од месечниот трошок за електрична енергија.

Дарко Панчевски, Point Retail Park

Компанијата ми е лоцирана во Неготино , годишно за ел.енергија трошев и до 73.000 еур. Сега со соларните панели не трошам ни 12.000 еур.

Ѓоко Шкатров, ДООЕЛ

Contact

Бесплатна, еколошка и обновлива електрична енергија за Вас!

071 223 875

Бул. Б. Смилевски Бато Бр.83 

  • Instagram
  • Facebook

Контактирајте не

Нашата служба за грижа на корисници Ви стои на располагање за информации и консултации во секое време:

Ви благодариме што не контактиравте !

© 2023 by Advanced Solutions Group.
Powered and secured by www.asg.mk

bottom of page